Марко 9:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. И кога го доведоа кај Него – штом го виде духот, веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.

21. Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството;

22. и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“

23. А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што ве­рува!“

24. И одеднаш таткото на момчето из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­по­ди, помогни му на моето неверие!“

Марко 9