Марко 9:17-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;

18. и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на уче­ниците Твои да го изгонат, но тие не можеа.“

19. А Исус одговори и рече: „О, роде безверен, до кога ќе бидам со вас? До ко­га ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“

20. И кога го доведоа кај Него – штом го виде духот, веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.

21. Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството;

22. и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“

23. А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што ве­рува!“

24. И одеднаш таткото на момчето из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­по­ди, помогни му на моето неверие!“

Марко 9