Марко 9:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И им рече: „Има некои меѓу овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“

2. А по шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе сами на висока гора, насамо, и се преобрази пред нив.

3. Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што белило на земјата не може да избели.

4. И им се јави Илија со Мојсеј, и раз­го­вараа со Исус.

5. Тогаш проговори Петар и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме ов­де; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“

6. Зашто не знаеше што да каже, би­дејќи беа многу уплашени.

7. И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“

8. И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус.

9. А кога слегуваа од гората, им за­по­веда никому да не кажуваат што ви­де­ле, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.

10. И го задржаа тој збор во себе, пра­шувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“

11. И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

Марко 9