35. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби животот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.
36. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?
37. Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
38. Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“