Марко 8:24-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“

25. Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно.

26. И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому рас­ка­жу­вај!“

27. И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“

28. Тие одговорија: „Јован Крс­ти­тел, некои Илија, а други, пак, не­кој од пророците.“

Марко 8