Марко 8:15-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Вни­ма­вајте, чувајте се од квасот фари­сејски и од квасот Иродов!“

16. И си размислуваа меѓу себе, ве­леј­ќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“

17. А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа што немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?

18. Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?

19. Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Два­на­есет.“

Марко 8