7. но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘
8. Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“
9. И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
10. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘
11. А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,
12. тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка,
13. укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вршите.“
14. И кога го повика сиот народ, им рече: „Слушајте Ме сите и разберете: