34. потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“
35. И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36. И им заповеда никому да не кажуваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.
37. И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“