Марко 6:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. И цар Ирод слушна за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“

15. Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од проро­ци­те.“

16. А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јо­ван, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“

17. Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Фи­лип, зашто се ожени со неа.

Марко 6