Марко 5:6-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Штом Го виде Исуса оддалеку, при­трча и Му се поклони.

7. Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“

8. Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“

9. И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многу.“

10. И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.

11. А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи.

12. И Го молеа сите демони и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“

13. И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.

14. А оние, што ги пасеа свињите, по­бегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.

15. И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот во кого имаше легија, како се­ди облечен и со здрав ум; и се упла­шија.

16. А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесомачниот и со свињите.

17. И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.

18. А кога влезе во коработ, оној, што беше бесомачен, Го по­моли да биде со Него.

19. Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те по­милува.“

20. Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.

21. А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.

22. И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови

23. и усрдно Го молеше многу, гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“

Марко 5