Марко 5:40-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девој­че­то.

41. И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војко, тебе ти велам, стани!“

42. И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.

43. А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да ја­де!“

Марко 5