34. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“
35. Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“
36. Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
37. И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков.
38. Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде врева, плачење и силно врискање.
39. И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“
40. А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41. И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“
42. И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
43. А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да јаде!“