Марко 5:26-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

26. и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,

27. штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до облеката Него­ва;

28. зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеките Негови, ќе оздравам.“

29. И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излеку­ва­на од болеста.

30. А Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“

31. Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“

32. Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа.

33. Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, пријде, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“

35. Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“

36. Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“

37. И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков.

38. Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде врева, пла­чење и силно врискање.

39. И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“

40. А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девој­че­то.

Марко 5