26. и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,
27. штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до облеката Негова;
28. зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеките Негови, ќе оздравам.“
29. И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30. А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“
31. Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“
32. Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33. Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, пријде, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“
35. Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“
36. Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
37. И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков.