13. И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14. А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.
15. И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот во кого имаше легија, како седи облечен и со здрав ум; и се уплашија.
16. А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесомачниот и со свињите.
17. И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
18. А кога влезе во коработ, оној, што беше бесомачен, Го помоли да биде со Него.
19. Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“
20. Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.