4. и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа птиците небески и го исколваа.
5. Друго падна на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше длабока;
6. а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши.
7. Некое падна на трње; и израсна трњето, го задуши и не даде плод.
8. А друго падна на добра земја и почна да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“
9. И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
10. А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетмината, Го прашаа за параболата.
11. И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ е во параболи,
12. за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“
13. И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?
14. Сејачот го сее словото.
15. Посеаното покрај патот се оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни.
16. Исто така и посеаното на каменито место се оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,