Марко 4:29-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“

30. И говореше: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?

31. Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;

32. а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите зеленчуци, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат пти­ците небески.“

33. И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат.

34. И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објас­ну­ваше.

35. Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“

36. И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив.

37. И се подигна бурен ветер, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше.

Марко 4