1. И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
2. И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:
3. „Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;
4. и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа птиците небески и го исколваа.
5. Друго падна на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше длабока;
6. а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши.
7. Некое падна на трње; и израсна трњето, го задуши и не даде плод.
8. А друго падна на добра земја и почна да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“
9. И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“