28. Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулат;
29. но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“
30. Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
31. И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32. А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“
33. А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“
34. Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“