Марко 3:21-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.

22. А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Вел­зе­вул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.

23. И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изго­нува сатана?

24. Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи;

25. и, ако еден дом се раздели самиот против себе, тој дом не може да опстане;

26. ако и сатаната се дигнал против се­беси, и се разделил, не ќе може да се одржи, но му дошол крајот.

27. Никој не може, кога ќе влезе во ку­ќата на силен човек, да му ја ограби по­ку­ќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе по­куќ­нината.

28. Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулат;

29. но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“

30. Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“

31. И дојдоа мајка Му и браќата Не­го­ви, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.

32. А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“

33. А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“

34. Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.

Марко 3