12. Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
13. Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него.
14. Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;
15. и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони:
16. Симон, на кого му даде име Петар;
17. па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот;
18. потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19. и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20. И дојдоа в куќи; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат.
21. И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.