8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се плашеа.
9. А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.
10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11. Но тие, кога чуја дека е Он жив и дека таа Го видела, не поверуваа.
12. Потоа им се јави во друг лик на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13. И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14. Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.