Марко 16:15-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.

16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

17. А знаците, на оние што ќе поверу­ва­ат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови ја­зици;

18. ќе фаќаат змии в раце и ако нешто смр­то­носно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оз­дра­вуваат.“

19. А откако им го рече ова, Господ се вознесе на небо и седна од десната стра­на на Бога.

Марко 16