Марко 16:10-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;

11. Но тие, кога чуја дека е Он жив и дека таа Го видела, не поверуваа.

12. Потоа им се јави во друг лик на двај­ца од нив по пат, кога одеа в село.

13. И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.

14. Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа вос­креснат.

15. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.

16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

17. А знаците, на оние што ќе поверу­ва­ат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови ја­зици;

18. ќе фаќаат змии в раце и ако нешто смр­то­носно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оз­дра­вуваат.“

19. А откако им го рече ова, Господ се вознесе на небо и седна од десната стра­на на Бога.

20. Тие, пак, отидоа и проповедаа на­се­каде; и Господ им помагаше и им го поткрепуваше словото нивно со чуда, што се јавуваа. Амин!

Марко 16