36. А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“
37. А Исус испушти силен глас и издивна.
38. И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.
39. А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“
40. Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија,
41. кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
42. А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,
43. дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово.