Марко 15:34-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. И во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Елои, Елои, Лама са­вах­та­ни?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“

35. Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“

36. А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“

Марко 15