33. А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34. И во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Елои, Елои, Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“
35. Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“
36. А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“
37. А Исус испушти силен глас и издивна.
38. И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.
39. А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“
40. Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија,
41. кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.