2. А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“
3. И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговараше ништо.
4. А Пилат пак Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш колку Те обвинуваат!“
5. Но Исус ништо повеќе не одговори, така што Пилат се воодушевуваше.
6. А на секој Празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го побараа.