Марко 14:67-72 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

67. па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“

68. Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.

69. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“

70. Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „На­вис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“

71. А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Тој Човек, за Ко­го говорите!“

72. И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.

Марко 14