65. А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го удираат и да Му велат: „Проречи!“ И слугите Го удираа по образите.
66. Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67. па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти беше со Исус од Назарет.“
68. Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.
69. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“
70. Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков!“
71. А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Тој Човек, за Кого говорите!“
72. И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.