Марко 14:42-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

42. Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“

43. И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од прво­свеш­тениците, книжниците и старешините.

44. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“

45. Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.

46. А тие ги кладоа рацете свои на Не­го и Го фатија.

47. Еден, пак, од оние, што стоеја таму, из­вади нож, го удри слугата на прво­свештеникот и му го отсече увото.

48. Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите?

49. Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но, нека се исполнат Писмата.“

50. И откако Го оставија, сите се разбегаа.

51. А по Него врвеше некој млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија тој млад човек.

52. Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.

53. И Го доведоа Исуса кај прво­свеш­те­никот, и се собраа таму сите прво­свеш­теници, старешини и книжници.

54. А Петар врвеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­еше на огнот.

Марко 14