Марко 14:42-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

42. Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“

43. И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од прво­свеш­тениците, книжниците и старешините.

44. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“

45. Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.

Марко 14