31. Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.
32. Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“
33. И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,
34. па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“
35. И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;
36. и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; сепак не како Јас што сакам, туку како Ти!“
37. Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?
38. Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“
39. И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите оние зборови.
40. А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41. И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
42. Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“
43. И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
44. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“
45. Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
46. А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47. Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48. Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите?