Марко 14:29-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“

30. И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“

31. Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.

32. Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“

Марко 14