25. Вистина ви велам: нема да пијам веќе од лозовиот плод, сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“
26. Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
27. И им рече Исус: „Сите ќе се соблазните заради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат овците.‘
28. А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“
29. А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“
30. И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“