Марко 14:22-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“

23. Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите.

24. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина.

25. Вистина ви велам: нема да пијам веќе од лозовиот плод, сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“

26. Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.

27. И им рече Исус: „Сите ќе се соб­лаз­ните заради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат овците.‘

28. А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“

29. А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“

30. И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“

Марко 14