14. И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘
15. И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.“
16. И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им беше рекол, па ја приготвија Пасхата.
17. А кога се стемни, Тој дојде со дванаесетмината.
18. И кога седеа на трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.“
19. Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да прашуваат: „Да не сум јас?“
20. А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетмината е, што мака со Мене во чинијата.
21. Но Синот Човечки заминува, како што е пишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не се беше родил!“