Марко 12:9-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лоза­ри­те, а лозјето ќе го даде на други.

10. Зар не сте го читале ова во Пис­мо­то: ‚Ка­менот, што го отфрлија ѕида­ри­те, стана камен темелник.‘

11. Од Господ е тоа, и чудесно е во очи­те наши.“

12. И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата па откако Го оставија, и си отидоа.

13. А пратија кај Него некои од фари­се­ите и од Иродовците, за да Го фатат на збор.

14. Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да му се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?“

15. А Тој, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: „Зошто ме искушувате? Донесете ми еден денариј да го видам!“

16. И тие донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Му рекоа: „На ца­рот.“

17. Тогаш Исус им одговори и рече: „Подајте го царевото на царот, а Бож­јото на Бога!“ И тие Му се восхитуваа.

18. Дојдоа кај Него и садукеите, кои ве­лат дека нема воскресение, па Го пра­шаа, говорејќи:

19. „Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а де­ца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘

20. Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.

21. Неа ја зеде вториот, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.

22. Ја зедоа сите седуммина, и не оста­вија пород. По нив умре и жената.

23. При воскресението, пак, кога ќе вос­креснат, на кого од нив таа ќе биде же­на? Зашто седуммина ја имаа како же­на.“

Марко 12