Марко 12:32-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. Книжникот Му рече: „Добро, Учи­теле. Право кажа дека Бог е еден, и де­ка нема друг, освен Него;

33. и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите сепаленици и жртви.“

34. Исус, пак, кога виде дека умно од­говори, му рече: „Не си далеку од цар­ството Божјо.“ И никој повеќе не се ос­мелуваше да Го прашува.

35. И кога одговараше Исус, по­учу­вај­ќи во храмот, рече: „Како тоа книж­ни­ците велат дека Христос е син Давидов,

36. кога самиот Давид кажа преку Светиот Дух: ‚Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите неприја­тели за подножје на нозете Твои!‘

37. И така, сам Давид Го нарече Гос­под; од каде тогаш да Му е Тој син?“ И многу народ Го слушаше со задовол­ство.

38. И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздравуваат по улиците,

39. да имаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите.

40. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се мо­лат, ќе бидат потешко осудени.“

41. Па седна Исус спроти ризницата и гледаше како народот пушта пари во неа. Мнозина богати пуштаа многу.

42. И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант.

43. А Исус, откако ги повика уче­ни­ци­те Свои, им рече: „Вистина ви велам де­ка оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ризницата;

44. зашто сите пуштија од својот ви­шок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целиот свој имот.“

Марко 12