Марко 12:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И почна да им говори во пара­бо­ли: „Еден човек насади лозје и го загради со ограда, па ископа бунар и соѕида кула; и им го предаде на ло­за­ри­те, и си отиде.

2. А кога дојде времето, испрати кај лозарите слуга, за да го прибере од нив родот на лозјето.

3. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија со празни раце.

4. И пак испрати кај нив друг слуга; и го нападнаа со камења и му ја расцепија главата, па го пратија посрамен.

5. Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, едните ги натепаа, дру­гите ги убија.

6. А имаше уште еден син, кој му беше возљубен; па, го испрати најпосле него кај нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘

7. Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘

8. И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.

9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лоза­ри­те, а лозјето ќе го даде на други.

10. Зар не сте го читале ова во Пис­мо­то: ‚Ка­менот, што го отфрлија ѕида­ри­те, стана камен темелник.‘

11. Од Господ е тоа, и чудесно е во очи­те наши.“

Марко 12