Марко 10:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. И кога го виде тоа Исус, негодува­ше и рече: „Оставете ги децата да до­ѓа­ат кај Мене и не бранете им, зашто на такви е царството Божјо.

15. Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“

16. И откако ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.

17. А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“

18. Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог!

Марко 10