37. па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“
38. А Тој им рече: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум дошол.“
39. И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.
40. И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“
41. А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“
42. И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43. Па, откако го отпушти, му заповеда,
44. и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“
45. А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.