Марко 1:32-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.

33. И целиот град се беше собрал пред портата.

34. И излекува многу болни што стра­даа од разни болести; истера многу де­мони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.

35. А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.

36. А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;

37. па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38. А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, зашто затоа сум дошол.“

39. И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.

40. И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“

41. А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“

42. И штом го рече тоа, се изгуби ле­п­ра­та од него, и тој стана чист;

43. Па, откако го отпушти, му за­по­веда,

44. и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистува­ње, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“

45. А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во оса­мени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

Марко 1