30. А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31. Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
32. А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.
33. И целиот град се беше собрал пред портата.
34. И излекува многу болни што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.
35. А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.
36. А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;
37. па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“