Лука 7:45-50 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

45. Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.

46. Ти со масло не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.

47. Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љубов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“

48. Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“

49. А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“

50. На жената пак ѝ рече: „Верата твоја те спаси; оди си во мир!“

Лука 7