Лука 4:32-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.

33. Во синагогата имаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:

34. „Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“

35. А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.

Лука 4