Лука 4:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината.

2. Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот. Во текот на тие денови не јадеше ништо, а кога изминаа тие, најпосле огладне.

3. Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“

4. А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“

5. Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот.

Лука 4