Лука 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во петнаесеттата година од владеењето на царот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на покраината Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј четворовласник на Авилинија,

2. во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јован, синот на Захарија, во пустината.

3. И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите,

Лука 3