Лука 22:42-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

42. велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“

43. И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

44. Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.

45. Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.

46. И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!“

Лука 22