Лука 22:28-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите искушенија,

29. и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,

30. за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.“

31. И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;

32. но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“

Лука 22